| контакт | маркетинг

12.08.2017

Да се одигра за „5 плус“



Второто полувреме во Приштина е патоказот по кој треба да оди македонската сениорска репрезентација на вечерашниот дуел со Косово, доколку сака да остане во трка за место на квалификациите за Светското првенство

Победа од повеќе од четири поени разлика (за да бидеме подобри во меѓусебните дуели, што може да биде решавачко ако двете селекции на крај имаат ист број на бодови), ја носи Македонија на второто место во групата во пресрет на завршните две кола, во кои Естонија игра дома со Македонија, а потоа гостува кај Косово.
Контроверзната одлука на Македонската кошаркарска федерација за непродавање на билети, значи дека на трибините во „Борис Трајковски“ ќе има малку публика, ќе присуствуваат само оние гледачи кои поседуваат блок карти за двата меча. Идејата е да се избегнат можни инциденти за кои организаторот, во случајов МКФ, би бил ригорозно казнет од ФИБА. Нашите репрезентативци се навикнаа да играат пред 500-600 гледачи, па нема да им биде проблем во таква атмосфера да играат и со должникот Косово на кого треба да му се реваншираат за поразот на 2 август.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
ДВОЈКИ
ДЕНЕСКА:
ГРУПА А
20.00: Словачка – Ерменија
20.00: БиХ – Шведска
Табела:
1. БиХ 3 2 1 255:237 5
2. Ерменија 3 2 1 242:228 5
3. Шведска 3 1 2 209:223 4
4. Словачка 3 1 2 200:218 4

ГРУПА Б:
16.00: Австрија – Албанија
Слободна Холандија
Табела:
1. Холандија 2 2 0 170:149 4
2. Австрија 2 1 1 151:130 3
3. Албанија 2 0 2 128:170 2

ГРУПА Ц:
20.30: Македонија – Косово
Слободна Естонија
Табела:
1. Естонија 2 2 0 156:126 4
2. Косово 2 1 1 122:144 3
3. Македонија 2 0 2 144:152 2

ГРУПА Д:
17.00: Бугарија – Португалија
Слободна Белорусија
Табела:
1. Бугарија 2 2 0 160:139 4
2. Белорусија 2 1 1 146:153 3
3. Португалија 2 0 2 146:160 2



Датум: 12.08.2017, 17:21
Статијата е прочитана 712 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense