| контакт | маркетинг

10.04.2017

Лина не успеа да ги мине квалификациите во Бил

Македонската тенисерка изгуби во последното квалификациско коло од Алиаксандра Саснович со 2:0 во сетови

Лина Ѓорческа не успеа да се пласира на главниот дел на ВТА турнирот во Бил, Швајцарија. Најдобрата македонска тенисерка во последното квалификациско коло изгуби од домашната претставничка Алиаксандра Саснович со 6:3, 6:2. Лина, едноставно немаше сили да и се спротистави на најдобро рангираната тенисерка во овие квалификации.
Сепак, постои мала шанса за да ја видиме Ѓорческа во главното натпреварување, а тоа  се нарекува „среќен губитник“. Односно доколку некој од рангираните тенисерки во главниот дел се откаже поради повреда.
ВТА турнирот во Швајцарија е навистина квалитетен а наградниот изнесува 250 илјади долари. Со пласманот во третото квалификациско коло, Лина ќе добие 14 поени.



Датум: 10.04.2017, 13:53
Статијата е прочитана 521 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense