| контакт | маркетинг

13.04.2017


Енвер Мифтари - кандидат за селектор на сениорките?

Пред извесно време од Македонската кошаркарска федерација се пофалија дека испратиле пријава за настап на нашиот женски сениорски национален тим. Но иако поминаа доста денови, барем досега, нема никаква информација околу тоа како ќе „функционира“ онаа наша национална селекција во нарендито период

Иако во изминатите денови јавноста, макар и делумно, се позанимава со тоа, кој од актуелните кошаркарки би можеле да се јават на повикот и да учествуваат во квалификациите за ЕП во 2019 година, засега „молк“ за и околу прашањето кој би можел да биде тренерски предводник на оваа селекција.
Сепак, во последно време, барем ако се суди според моменталните „активности“ кои ги спроведуваат претставниците од МКФ поврзани со селектирањето на оние млади кошаркарки (на возраст до 16 години), некако во преден план се појавува името на Енвер Мифтари.
Актуелниот прв тренер на скопски Шкупи, и дел од кошаркарската секција на Спортската Академија во Скопје, заедно со легендата на македонската женска кошрка, сега исто така тренер во Академијата, Стојна Вангеловска, е вклучен во скоро сите акции кои се поврзани со македонската женска кошарка.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“



Датум: 13.04.2017, 11:31
Статијата е прочитана 1369 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense