| контакт | маркетинг
КОШАРКА

13.09.2017

ЕП: Србите рутински до полуфинале

Селекцијата на Србија ја совлада Италија со 83:67 и ќе биде противникот на Русија во второто полуфинале на Евробаскетот чија завршница се игра во Истанбул. Така, нашите северни соседи добија шанса да им се реваншираат на Русите за поразот во групната фаза

Србија својот прв кош го даде дури после 4 ипол минути игра, но потоа се стабилизираше и првата четвртина ја доби со минимална предност. Во втората четвртина Србија се одлепи, ја користеше предноста во висина, а Италијанците се држеа во игра благодарение на тројките. Во третата четвртина нашиот северен сосед стекна солидна предност која рутински ја одржуваше во последната, па си закажа полуфинале со Русија.
Најдобар поединец во српскиот тим беше Богдановиќ со 22 поени, 6 скока и 4 асистенции, а уште четворица негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени. Белинели даде 18 поени за да биде прв стрелец кај Италија, но погоди само две тројки од 11 обиди. Поразителен е фактот што „аѕурите“ имаа само 19 скока, наспроти 44 на Србите.
Другата полуфинална двојка е Шпанија – Словенија, меч кој се игра утревечер.

 



Датум: 13.09.2017, 22:30
Статијата е прочитана 325 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense