| контакт | маркетинг

24.07.2017

Кога среќата ќе ти се насмевне

Русин влезе како „лаки лузер“ и триумфираше во Умаг

Младиот руски тенисер Андреј Рубљов е сензационален победник на 28 издание на турнирот во Умаг, Хрватска. Велиме сензација затоа што Рубљов беше поразен во последното коло од квалификациите, но во главниот ждреб влезе како „лаки лузер“ (среќен губитник) место домашниот натпреварувач Борна Чориќ, кој се откажа поради повреда.
На патот до финалето Русинот ги елиминираше Берлок, Мартин, актуелниот шампион Фоњини и Иван Додиг. Во финалниот меч 20-годишниот Рубљов го надигра 16 години постариот колега Паоло Лоренци во два сета (6:4,6:2).
Така Рубљов стана првиот „лаки лузер“ кој освоил АТП турнир по 2009 година кога тоа од рака му појде на Раџив Рама со победата во Њупорт.



Датум: 24.07.2017, 12:17
Статијата е прочитана 1008 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense