| контакт | маркетинг
ТЕНИС

14.04.2017

Шарапова: ИТФ не направи доволно за мене

Петкратната гренд слем шампионка Марија Шарапова влезе во напад на Интернационалната тениска федерација (ИТФ), велејќи дека тие не направиле доволно да ја известат дека мелдониумот е на листата на забранети супстанции

Шарапова се враќа на тенисот за 10 дена по суспензијата од 15 месеци за позитивниот тест во јануари 2016 на мелдониум, средство кое таа го користела повеќе години.
„Зошто некој не дојде кај мене и во личен разговор не ми кажа дека треба да внимавам и дека има нови средства на забранетата листа. Секако, конечната вина е само моја. Добивав дозвола за сè што добивав седум години и станав премногу сигурна“, вели Шарапова.

 



Датум: 14.04.2017, 18:57
Статијата е прочитана 1028 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense