| контакт | маркетинг
КОШАРКА

19.05.2017

МЗТ на победа од одбрана на круната во Македонија

Тимот од Аеродром повторно ја искористи предноста на домашен терен и го победи Карпош Соколи со 86:80

Уште една победа им преостанува на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром до одбраната на титулата во првата македонска кошаркарска лига. „Металците“, повторно ја искористија предноста на домашниот терен и со 86:80 славеа над Карпош Соколи во третиот финален меч од разигрувањето.
Недоволни беа 24 поени на Кендрик Пери кој немаше соодветна поддршка. На спротивната страна, пак, Дреновац, Темс и Клоф постигнаа 20, 22 и 21 поен во кошот на „соколите“.
Наредниот, четврти меч од финалната плеј-оф серија се игра во недела со почеток од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Датум: 19.05.2017, 21:36
Статијата е прочитана 640 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense