18.05.2017
Состојбата на екс-шампионот Хајден е критична

Мото ГП шампионот од 2006 година, Американецот Ники Хајден има сериозна повреда на главата и прогнозата не е добра, велат последните вести од болницата во Чезена
Американецот останува во медицински индуцирана кома во болницата „Буфалини“ во Чезена откако во средата беше удрен од автомобил додека возел велосипед во близината на Римини. Во објавата на болницата тие потврдија дека ситуацијата е екстремно критична и прогнозата останува неодредена. Свршеницата на Хајден, Џеки останува покрај него, а веќе и се приклучија неговата мајка Роуз и постариот брат Томи, кои дојдоа од САД.
Датум:
18.05.2017, 18:43 |