| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.05.2017


ФК Шкендија: Смената на Беџети не е поради поразот во финалето


Од таборот на тетовскиот клуб искочија со соопштение во кое се демантираат написите дека досегашниот претседател Абдулменаџ Беџети бил сменет поради последните резултати на екипата

Абдулменаф Беџети, како што велат од ФК Шкендија, преку соопштение кое излезе утринава, не е сменет од претседателската функција на клубот поради последните резултати на екипата. Туку тој самиот побарал уште пред шест месеци да си оди од клубот и тоа поради презафатеност во компанијата „Еколог“, па токму заради тоа во последниот период неговите активности во Шкендија биле сведени на минимум.
Од Шкендија велат дека јавноста навреме ќе биде официјално информирана за сите преструктуирања во самиот клуб. Инаку промената во Централен регистер била направена уште пред повеќе од еден месец а не сега.



Датум: 19.05.2017, 11:47
Статијата е прочитана 3062 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense