| контакт | маркетинг

08.09.2017


Од фудбалер на Интер до кафе мајстор

Уште една приказна за неславна фудбалска кариера


Не често фудбалските кариери се развиваат онака како што посакуваат сите фудбалери, а многу од нив место по нагорна одат по надолна линија. Така е со еден холандски фудбалер, некогашна голема надеж на Ајакс и дел од генерацијата на Ибрахимовиќ, Снајдер, Хејтинга, Ван дер Варт... Со „копјаниците“ освои две шампионски титули и три национални купа. Играше за Холандија на ЕП 2004.
Се работи за Енди ван дер Мејде, кој откако го достигна зенитот со клубот од Амстердам следуваше трансфер во Интер. Е по преминот во Милано почнуваат неговите проблеми и од по надолна линија. Меѓу „нероаѕурите“ не се снајде, па проба да ја возобнови кариерата во Евертон но ниту таму не успева. Англискиот клуб го раскинува договорот со него поради тоа неговата наклонетост на чести повреди и лични проблеми меѓу кои дружба со алкохолот, коцкањето и кокаинот. Го дотепа и борбата со депресијата.
Заврши неславно во холандскиот аматерски третолигаш ВКЕ. На време сваќа дека за него фудбалот е завршен, на 34 години ги закачува копачките и решава да се занимава со нешто друго. Врти нова страница и станува кафе мајстор поточно специјалист за еспресо и капучино.


„Дојде време, конечно, да променам нешто во мојот живот. Со сета сила се трудев да успеам во фудбалот во претходните 15 години. Се изнагледав секакви работи, толку многу што можам да напишам една квалитетна книга. Се откажав од фудбалот и решив да започнам нов живот на еден убав и префинет начин. Затоа луѓето во Амстердам ќе имаат можност да го пробаат моето кафе ’А ла ван дер Мејде’“, изјави Енди.




Датум: 08.09.2017, 09:13
Статијата е прочитана 3629 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense