| контакт | маркетинг

14.05.2017

Иџе остана без подиум на „Хунгароринг“

Македонецот на првата утринска трка заврши на четвртото место, додека, пак, финишираше под број осум на второто возење во Унгарија

Игор Стефановски - Иџе не успеа да се искачи на подиумот на денешните трки во Хунгароринг, во рамките на втората етапа од ЕТЦЦ шампионатот. Нашиот најдобар возач на првото возење од 09 часот финишираше како четвртопласиран, додека, пак, во втората сесија заврши под број осум.
Со овие два пласмани, Стефановски додаде нови пет поени во генералниот пласман и сега стигна до бројката од 14 и се наоѓа на петтото место.
Наредната, трета трка од ова првенство се вози идниот викенд на „Нирбургринг“.



Датум: 14.05.2017, 11:32
Статијата е прочитана 653 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense