| контакт | маркетинг
КОШАРКА

17.05.2017

Џордан Теодор доби македонски пасош (ФОТО)

Пик на својот Твитер профил објави дека Теодор, за кого беше познато од поодамна дека е прв избор на МКФ, добил македонска патна исправа

Џордан Теодор и официјално го доби македонскиот пасош и со тоа овозможену му е настап во нашата репрезентација. Ваквата информација ја потврди Дејвид Пик кој важи за еден од најпознатите менаџери во кошаркарката. Пик, на својот профил на Твитер ја објави оваа вест.

Сегашниот играч на Банвит, со тоа од наредната сезона ќе биде регистриран како Европјанин, а со тоа, турскиот тим ќе отвори можност за ангажирање на уште еден кошаркар од САД.
Теодор е роден во 1989 година во Њу Џерси, а својата студентска кариера ја минал на познатиот универзитет Сетон Хол.



Датум: 17.05.2017, 13:08
Статијата е прочитана 1722 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.07.2017
21.07.2017
21.07.2017
20.07.2017
20.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense