| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.09.2017

Тајлер Дил потпиша за Струмица

Нов плејмејкер во прволигашот од југот

По пауза од неколку години, на паркетото во салата „Парк“ ќе се појават и некои американски кошаркари, барме таква беше најавата од раководството на клубот.
А во обидот да бидат што е можно поконкуретни во Првата лига, стручниот штаб, предводен од новиот тренер Власис Влаикидс се одлучи да го ангажира Тајлер Дил.
Станува збор за релативно млад кошаркар, роден 1991 година кој со своите 185 сантиметри игра на првата плејмејкерска позиција.
Играњето за Струмица ќе биде неговото второ европско искуство, како што самиот кажува на својот профил на Фејсбук.



Датум: 03.09.2017, 12:21
Статијата е прочитана 955 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense