| контакт | маркетинг
КОШАРКА

11.01.2017

МЗТ најавува чистка

Диабате е прв на листата на играчи со кои македонскиот првак би можел да се раздели

Мулуку Сулејман Диабате ја предводи листата на кошаркари кои во иднина нема да го носат дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Плејмејкерот од Брегот на слонова коска беше донесен како решение за проблемот кој се појави со отпуштањето на Американецот Тори Томас. Но, недоволната физичка подготвеност на 29-годишниот Диабате не му дозволи да го покаже целиот свој потенцијал. Тој дојде во ноември и потпиша едномесечен договор, а потоа го продолжи до крајот на сезоната. Диабате вчера не тренирал, но од клубот велат дека уште е нивен член.
Но, Диабате не е единствениот кој би можел да си оди. Управата и стручниот штаб не се задоволни ниту од некои други поединци и во наредниот период сигурно ќе има промени и освежувања. Дали уште за средбата со Задар в петок ќе има нови имиња, а некои од старите ќе си одат, останува да се види.



Датум: 11.01.2017, 10:23
Статијата е прочитана 1641 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
12.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense