| контакт | маркетинг

26.03.2017

Вињалес во драматична трка пред Довициозо

Маверик Вињалес покажа дека е сериозен конкурент на титулата со победа на првата трка од новата сезона во Катар, откако во својата прва трка за Јамаха го победи Андреа Довициозо во Дукати за победа

Вињалес, кој дојде во тимот на Јамаха како замена за трикратниот шампион Хорхе Лоренцо го загуби првото место на стартот на трката по неколку одложувања поради дожд на патеката Лосаил, но до средината на трката успеа да ги помине Марк Маркез во Хонда и Андреа Довициозо за да избие на првото место.
Во финишот на трката следуваше борба меѓу Вињалес и Довициозо со неколку менувања на позициите, за на крајот Вињалес да стигне до втората победа во кариерата. Валентино Роси го комплетираше подиумот додека актуелниот шампион Марк Маркез беше четврти откако не успеа да остане во борба за првите места. Топ 5 го комплетираше вториот возач на Хонда, Дани Педроза, додека Лоренцо во првата трка за Дукати беше на 11. место.

 

 



Датум: 26.03.2017, 21:35
Статијата е прочитана 1501 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense