| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

20.04.2017

Гонзалез ги врати Борко, Јоновски и Прибак во репрезентацијата

Новиот селектор на македонската репрезентација, Раул Гонзлаез го објави поширокиот список за квалификациските натпревари против Исланд за пласман на ЕП.

На списокот на Раул Гонзалез се најде голманот на Барселона, Борко Ристовски, кој не беше дел од националниот тим на СП во Франција. Покрај Борко шпанскиот стратег на клупата на „црвено-жолтите“ ги повика и Аце Јоновски и Немања Прибак.

ВО РЕПРЕЗЕНТАТИНИОТ СОСТАВ ПОВИКАНИ СЕ: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Филип Лазаров (Универзитатеа), Аце Јоновски (Бергишер), Немања Прибак (Бешикташ), Жарко Пешевски (Металург), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талевски (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (Загреб), Мартин Поповски (Вардар Ј.), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Марко Нелоски (Металург), Мартин Валковски (Металург), Никола Крстески (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитревски (Борец), Константин Петров (Металург), Кирил Колев (Пелистер), Владо Недановски (Вардар Јуниор) и Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор).



Датум: 20.04.2017, 10:23
Статијата е прочитана 1884 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense