| контакт | маркетинг

29.07.2017

Талески „Русија не можеше да не сопре“

*„Среќни сме што за првпат во историјата на колективниот спорт една земја како наша Македонија ќе има толку висок пласман на еден мундијал“, истакна капитенот

Македонските младински репрезентативци се радуваат на големиот успех и на тоа дека како генерација ќе влезат во историјата како тим кој ќе го направи најголемиот резултат на едно Светско првенство. Убедливата победа над Русија ја покажа големината на тимот на селекторот Илија Темелковски.
„Денеска игравме повторно со еден ист противник од нашата група и мислевме дека ќе биде многу потежок натпревар од првиот поради тоа што одигравме многу натпревари, знаеме се за секого и немаше скриени ’џокери’.
По поразот од Франција, кој го претрпевме со голема разлика, падна еуфоријата, но најдовме сили и мотив повторно да одиграме еден добар натпревар. Русија не можеше да не сопре.
Среќни сме што за првпат во историјата на колективниот спорт на една земја како наша Македонија, ќе има толку висок пласман на еден мундијал. Среќни сме што ние го направивме овој успех“, задоволно констатира капитенот на селекцијата Филип Талески.

Утре во 14 часот, Македонија против Унгарија ќе игра за 5. место која во разигрувањето за пласман го совлада Тунис со 34:30.



Датум: 29.07.2017, 17:31
Статијата е прочитана 674 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense