| контакт | маркетинг
КОШАРКА

13.02.2017

Џош Скот е МВП на колото

Како одминува времето, така Џош Скот прикажува константно добри игри во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, и покажува дека веќе нема проблем со прилагодување на европската кошарка.

Џош Скот кој има 23 години, летоска потпиша за МЗТ и првпат се сретна со европски стил на игра кој е поразличен од тој што дотогаш го играл во универзитетската лига во САД, па му требаше време да „влезе во шема“.
Сега веќе Скот е незаменлив во тимот на МЗТ, ги покрива позициите крилен центар и центар, не троши многу топки и тоа го прави исклучително корисен за екипата. Откако двапати (во 7. и 16. коло) имаше највисок индекс на корисност, но во кола во кои МЗТ губеше, конечно во третиот обиде му се посреќи на Американецот, и тој првпат сезонава е МВП на коло. Комбинацијата од добра игра на Скот и победа на МЗТ му го донесе признанието, прво за еден „металец“ во текот на сезонава.
На натпреварот од 22. коло против Крка, Скот имаше 24 поени, 13 скока, две блокади, една асистенција, сето тоа му донесе индекс на корисност од 34, за 35 минути на паркетот. Овие бројки на поени и скокови се сезонски рекорди за Скот како член на МЗТ. Досега најмногу што имаше му беа 23 поени, односно 12 скока.



Датум: 13.02.2017, 14:15
Статијата е прочитана 226 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense