| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.04.2017

Нема големо куп финале за Хаџиевски и Хата

Македонскиот стратег и неговиот тим загубија минимално од Ал Наср со 0:1 во полуфиналето на Претседателскиот куп во ОАЕ

Ѓоко Хаџиевски и неговиот тим Хата не успеаа да се пласираат во финалето на Претседателскиот куп во Обединетите Арапски Емирати. Македонскиот стратег и неговиот тим во полуфиналето загубија од Ал Наср и тоа минимално со 0:1.
Стрелец на единствениот гол беше Абделазиз Барада во 71. минута. Во финалето Ал Наср ќе игра против Ал Вахда.
Доколку се пласираше во финалето, ова ќе беше потврда за Хаџиевски кој работи навистина одлично во овој клуб. Пред неговото доаѓање, Хата практично и да беше испадната во втората лига, но, со одличните резултати благодарение на него, овој тим се стабилизираше и се наоѓа во горниот дел од табелата.



Датум: 20.04.2017, 19:57
Статијата е прочитана 1152 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense