| контакт | маркетинг

10.09.2017

Крис Фрум ја „сврте“ Вуелта!

Британскиот велосипедски ас, Крис Фрум на четирите титули од Тур де Франс го додаде трофејот од Вуелта Еспања 2017, по три втори места на шпанската „класика“

Последната 21. етапа отиде кај Италијанецот Матео Трентин, но тоа не му беше доволно да му ја земе спринтерската титула на Фрум, покрај црвената маичка за победа во генерален пласман.
27-годишниот ас на Тим Скај е првиот Британец со титулата од Шпанија, но и само третиот човек кој комплетирал ТдФ-Вуелта двојна победа во една сезона.
„Ова е најтешката голема трка на која сум учествувал. Имаше нешто што се случуваше секој ден. Имав добри денови и имаше денови кога лежев на подот, крварејќи и мислејќи дека трката е завршена. Вуелта оваа годиан беше многу побрутална од Тур де Франс. Атмосферата на Вуелта е навистиан неверојатна и публиката секогаш е тука до тебе. Мислам дека подобро сум поминувал во Шпанија отколку во Франција“, додава Фрум.



Датум: 10.09.2017, 20:38
Статијата е прочитана 358 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense