| контакт | маркетинг

02.09.2017

Луис Хамилтон е рекордер по бројот на пол-позиции

По долгото чекање во боксот поради силниот дожд во Италија, Луис Хамилтон ја освои својата 69. пол-позиција, со што го подобри вечниот рекорд на седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер

Хамилтон трета година едноподруго е на пол-позицијата во „дворот“ на Ферари, Монца. Веднаш зад него беше двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, но бидејќи и двајцата ќе стартуваат со казни на стартот поради менување на мотор, од втората позиција неверојатно ќе стартува тинејџерот на Вилијамс, Ленс Строл.
Петти на квалификациите беше Естебан Окон во Форс Индија, пред Валтери Ботас (Мерцедес), додека возачите на Ферари беа само седми (Кими Раиконен), односно осми (Себастијан Фетел) на домашната патека. Топ 10 го комплетираа Фелипе Маса (Вилијамс) и Штофел Фандорне (Мекларен).



Датум: 02.09.2017, 17:48
Статијата е прочитана 579 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense