| контакт | маркетинг

26.03.2017

Фетел: Почеток од соништата

„Ова беше неверојатно, трката беше одлична и можам да кажам дека ова е почеток од сонишатата за мене и Ферари“ изјави Фетел

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел оствари сензационална победа на австралиското Гран При, на отворањето на новата Ф1 сезона. Германецот кој тргна од второто стартно место, успеа да заврши пред Луис Хамилтон и со тоа најави дека оваа сезона би можела да биде далеку поинтересна од претходните.
„Сето ова беше неверојатно, трката беше одлична а луѓето излегоа на патеката со знамињата на Ферари. Ова е почеток на соништата за мене, но, и за Ферари. Радоста е огромна, се наоѓаме на седмо небо, сепак свесни сме дека пред нас предстои долг пат и нема место за еуфорија“ изјави Фетел.



Датум: 26.03.2017, 11:48
Статијата е прочитана 662 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense