| контакт | маркетинг

26.03.2017

Фетел и Ферари триумфално во Австралија

Себастијан Фетел во Ферари го победи фаворитот и освојувач на пол-позицијата, Луис Хамилтон за фантастична победа на Австралиското ГП за интересен старт на новата Ф1 сезона. Подиумот го комплетираше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас

Хамилтон водеше од пол-позицијата пред Фетел, Ботас, Кими Раиконен и Макс Ферстапен. Фетел остана блиску до Хамилтон пред првото влегување во боксот, и остана на патеката, кога Англичанецот влезе во боксот.
Хамилтон тогаш загуби време кога остана заглавен зад Ферстапен, а Фетел остана осум круга подолго на патеката и излезе пред двајцата. Германецот потоа успеа да се одвои со шест секунди пред Хамилтон.
Ова е прва победа за Фетел по Сингапур 2015, и тој станува првиот возач кој не е зад Мерцедес да биде лидер во генерален пласман во турбо-хибридната ера.
Ботас се доближи до Хамилтон за второто место, откако Англичанецот се пожали на проблеми со моторот. Финецот на крајот остана трет пред својот сонародник, Кими Раиконен во Ферари и Макс Ферстапен. Домашниот херој Даниел Рикијардо имаше хорор-трка, откако поради проблеми со сензорите стартуваше со шеста брзина. Тој стартуваше два круга подоцна од другите, но неговиот мотор откажа по половина трка.

АВСТРАЛИСКО ГП
1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:24:11.670
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +9.975
3.Валтери Ботас (Мерцедес) +11.250
4.Кими Раиконен (Ферари) +33.393
5.Макс Ферстапен (Ред Бул) +28.827
6.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:23.386
7.Серхио Перез (Форс Индија) +1 круг
8.Карлос Саинц (Торо Росо) +1 круг
9.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг
10.Естебан Окон (Форс Индија) +1 круг
11.Нико Хулкенберг (Рено) +1 круг
12.Антонио Џовинаци (Заубер) +2 круга
13.Штофел Фандорне (Мекларен) +2 круга
НЕ ЗАВРШИЈА
14.Фернандо Алонсо (Мекларен) +7 круга
15.Кевин Магнусен (Хас) +11 круга
16.Ленс Строл (Вилијамс) +17 круга
17.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +32 круга
18.Маркус Ериксон (Заубер) +36 круга
19.Џолион Палмер (Рено) +42 круга
20.Роман Грожан (Хас) +44 круга

 



Датум: 26.03.2017, 08:56
Статијата е прочитана 2293 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense