| контакт | маркетинг

18.04.2017

Ѓоковиќ едвај во третото коло, стоп за Цонга

Жил Симон сервираше за победа, меѓутоа Новак Ѓоковиќ беше посмирен за да стигне до 6:3/3:6/7:5 победа на Мастерсот во Монте Карло

Симон, францускиот тенисер познат по неговиот неконвенционален начин на игра, така пропушти да стигне само до втората победа во 12-тиот меч против Србинот. Симон го има победено Ѓоковиќ во нивниот прв меѓусебен дуел во Марсеј во 2008, по што има низа од 11 порази.
Квалификантот Адријан Манарино пак, го изненади својот француски сонародник, седмиот носител Жо-Вилфрид Цонга во три сета. Цонга имаше свој кам-бек на АТП-турнејата по раѓањето на неговото прво дете, и го освои вториот сет, но на крајот загуби со 6:7(3)/6:2/6:3 од светскиот рекет број 56.



Датум: 18.04.2017, 17:58
Статијата е прочитана 680 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense