| контакт | маркетинг

30.07.2017

Велковски „Одиме на победа“

„Сакав да играме со Тунис за да им се одмаздиме за поразот во групната фаза, но ќе играме со Унгарија. Сепак нас, не ни прави разлика, без разлика кој е противникот, одиме на победа“, дециден е бекот

Машката младинска репрезентација попладнево (14 часот) против Унгарија игра за историја, за највисок пласман на еден национален тим на Светско првенство. Откако вчера Македонија ја „прегази“ Русија во првиот меч од разигрувањето за пласман од 5 до 8 место, денеска е „да се биде или не“ против Унгарија. Секако дека за тимот на Илија Темелковски не е сеедно дали ќе бидат петти или шестти, па поради тоа најавуваат дека може уште подобро.
„Одигравме еден тежок натпревар против Русија, пред се поради тоа што мечот се играше во ран термин. Успеавме некако да се мотивираме на загревање и да влеземе 100% во натпреварот. Го искористивме опуштениот старт на Русија и направивме предност уште во првото полувреме, која ја држевме до крај.
Одигравме најдобра одбрана до сега и преку неа дадовме лесни голови од контра и полу-контра, но нападот на поставената зона не ни одеше најдобро. Можеме уште подобро“, смета бекот Мартин Велковски, кој беше еден од најефикасните во дуелот со Русија и додава:
„Сакав да играме со Тунис за да им се одмаздиме за поразот во групната фаза, но за петтото место ќе играме со Унгарија. Сепак нас, не ни прави разлика. Ги знаеме Унгарците, сме играле против нив на ЕП, но без разлика кој е противникот, одиме на победа“.



Датум: 30.07.2017, 11:01
Статијата е прочитана 931 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense