| контакт | маркетинг

06.08.2017

Маркез најдобро се снајде во Чешка

Марк Маркез го зголеми водството во генерален пласман на 14 поени пред Маверик Вињалес, откако имаше одлична стратегија на патеката која се сушеше во Брно за трета победа оваа сезона

Маркез стартуваше од пол-позицијата, но падна надвор од топ 10 на патеката која се сушеше, пред прв да реши да влезе во боксот и да стави гуми за суво, по што целосно доминираше за победа со над 14 секунди предност пред колегата Дани Педроза. Подиумот го комплетираше Маверик Вињалес во фабричката Хонда, пред Роси, кој успеа да го помине Кал Крачлоу во последниот круг за четврто место. Довициозо беше шести за Дукати.
Со оваа победа, Маркез го зголеми водството во генерален пласман на 14 поени пред Вињалес (154-140), но ситуацијата на врвот уште останува „замрсена“. Довициозо е трет со 133 поени, пред Роси со 132 и Педроза со 123, ветувајќи фантастичен и неизвесен финиш на сезоната.



Датум: 06.08.2017, 15:08
Статијата е прочитана 544 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense