| контакт | маркетинг

03.04.2017

Ирвајн: „Фетел е разгалено детиште“

Поранешниот возач на Ферари и победник на четири Ф1-трки, Еди Ирвајн влезе во необичен напад на новата ѕвезда на Скудерија, Себастијан Фетел

Возачот од Северна Ирска секогаш бил посебен со неговиот стил и однос кон тркањето, и сега го нападна победникот на првата трка од новата сезона, Австралиското ГП, поради тоа што цела 2016 година се жалел на секого и се.
„Фетел е разгалено детиште. Веќе беше нарцистички настроен кога дојде во Формула 1, но посветеност кон него дозволи оваа ароганција да процвета“, вели Ирвајн.
51-годишниот Ирвајн, кој поголемиот дел од кариерата го помина во сенка на Михаел Шумахер, сепак, признава дека најуспешните возачи обично се арогантни и егоцентрични.
„Така се однесуваме. Јас бев таков, таков е Луис Хамилтон, таков е Фернандо Алонсо. Да ги споредуваме Фетел и Шумахер? Нема збор - Фетел е добар возач, но Шумахер беше на друго ниво. Михаел правеше работи со болидот кои никој не успеа да ги повтори, дури и возач како Мика Хакинен. Тој лесно доминираше додека не се појави младиот волк Алонсо. Сега, Фетел, Алонсо и Хамилтон имаат слични квалитети, но би го избрал Хамилтон како најдобар од нив“, вели Ирвајн.



Датум: 03.04.2017, 19:00
Статијата е прочитана 854 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense