| контакт | маркетинг

10.09.2017

Маркез ја доби дождливата битка со Петручи

Марк Маркез повторно е на врвот во генерален пласман (заедно со Андреа Довициозо), откако успеа да го победи Данило Петручи во трилер-битка во финишот на дождливото Сан Марино ГП

Светскиот шампион на Хонда, Маркез до четвртата победа оваа сезона стигна на најдраматичен начин - со претекнување на Петручи во Прамак Дукати во последниот круг, за да избие на првото место во генерален пласман со идентични 199 поени со Довициозо, откако возачот на фабричкото Дукати беше трет. Маверик Вињалес, освојувачот на пол-позицијата беше само четврти за да заостанува 16 поени зад двајцата возачи.
Од трката отсуствуваше Валентино Роси, кој ја скрши ногата на мотокрос-тренинг пред една недела.



Датум: 10.09.2017, 15:11
Статијата е прочитана 1163 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense