| контакт | маркетинг

16.04.2017

Фетел ја доби пустинската битка со Хамилтон

Асот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на Бахреин ГП трката за да стане лидер во генерален пласман пред својот голем ривал Луис Хамилтон за по три трки да се најави блескава борба за титулата

Фетел имаше одличен старт во кој го помина Хамилтон, за потоа со умна стратегија и прво влегување во боксот да заврши и пред вториот возач на Мерцедес, освојувачот на пол-позицијата, Валтери Ботас.
И покрај тоа што во последните 10-тина круга зад него , Хамилтон опасно му се добложуваше, Фетел стигна до втора победа во 2017 по таа во Австралија и се зацврсти на првото место во генерален пласман.
Зад него беа двајцата возачи на Мерцедес, Хамилтон и Ботас, додека топ 5 го комплетираше Кими Раиконен во второто Ферари и Даниел Рикијардо во Ред Бул, кои потфрлија со брзината и со откажувањето на Макс Ферстапен.

БАХРЕИН ГП
1.Себастијан Фетел (Ферари) 1:33:53.373
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) +6.660
3.Валтери Ботас (Мерцедес) +20.397
4.Кими Раиконен (Ферари) +22.475
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +39.346
6.Фелипе Маса (Вилијамс) +54.326
7.Серхио Перез (Форс Индија) +1:02.606
8.Роман Грожан (Хас) +1:14.865
9.Нико Хулкенберг (Рено) +1:20.188
10.Естебен Окон (Форс Индија) +1:35.711
11.Паскал Верлајн (Заубер) +1 круг
12.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг
13.Џолион Палмер (Рено) +1 круг
14.Фернандо Алонсо (Мекларен) +1 круг
НЕ ЗАВРШИЈА
15.Маркус Ериксон (Заубер)
16.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
17.Ленс Строл (Вилијамс)
18.Макс Ферстапен (Ред Бул)
19.Кевин Магнусен (Хас)
20.Штофел Фандорне (Мекларен)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Себастијан Фетел (Ферари) 68
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 61
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 38
4.Кими Раиконен (Ферари) 34
5.Макс Ферстапен (Ред Бул) 25
6.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 22
7.Фелипе Маса (Вилијамс) 16
8.Серхио Перез (Форс Индија) 14
9.Карлос Саинц (Торо Росо) 10
10.Роман Грожан (Хас) 4
11.Кевин Магнусен (Хас) 4
12.Естебан Окон (Форс Индија) 3
13.Нико Хулкенберг (Рено) 2
14.Данил Квјат (Торо Росо) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Скудерија Ферари 102
2.Мерцедес АМГ 99
3.Ред Бул Таг Хојер 47
4.Форс Индија Мерцедес 17
5.Вилијамс Мерцедес 16
6.Скудерија Торо Росо Рено 12
7.Хас Ферари 8
8.Рено Ф1 2
9.Заубер Ферари 0
10.Мекларен Хонда 0



Датум: 16.04.2017, 18:59
Статијата е прочитана 1039 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense