| контакт | маркетинг
КОШАРКА

11.01.2017

(ФОТО) Темелно реновирање на салата „Младост“

Во Битола во тек е реновирањето на спортската сала „Младост“ која за некој месец ќе добие далеку помодерен лик, а ќе има и греење.

Во изминатите децении, греењето во салата беше исклучено и условите за одигрување на натпревари во зимскиот период беа тешки. Но, во иднина во салата ќе биде многу попријатно за следење на спортските настани, а покрај тоа што температурата ќе биде повисока, на местото на старите клупи ќе има столчиња и ќе се сменат рефлекторите.


Реновирањето на салата значи дека екипите ќе мора да се преселат привремено, па така кошаркарите на Пелистер во наредниот период, своите мечеви како домаќини ќе ги играат во кавадаречки „Јасмин“. Во игра била и салата во Охрид, но сепак одлуката е да играат во Кавадарци. Првиот натпревар на „зелено-белите“ е закажан за 21 јануари кога во Кавадарци ќе го пречекаат Вардар во многу важен дуел во битката за опстанок.
Засега нема информација колку долго ќе трае реновирањето на салата, но со оглед на потфатите, можно е пелистерци до крајот на сезоната да играат во Кавадарци.



Датум: 11.01.2017, 13:59
Статијата е прочитана 6582 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense