| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017

Работнички и Шкендија рамноправно пред реваншот

Најинтересниот натпревар од првите дуели од осминафиналето во Купот, меѓу екипите на Работнички и на Шкендија заврши без победник, што им дава предност на тетовци пред реваншот

Фудбалерите на Шкендија беа подобар противник, особено во текот на првото полувреме, додека Работнички се обиде во вториот дел да го засили темпото и да фати приклучок. Таквата игра донесе на пауза да се отиде со гол предност на Шкендија, која поведе од пенал преку Ибраими. Најстрогата казна беше досуден за невнимателниот старт на Рашо врз Емини.
Упорноста на „романтичарите“ во второто полувреме беше наградена со гол во 71 минута кога по одличната асистенција на Стјепанович, Дурански ја искористи заспаноста на одбраната на Шкендија и со глава го изедначи резултатот. Скопјени можеа и порано да дојдат до гол, но Стјепановиќ во 54 минута од слободен удар од 25 метри ја погоди само рамката на голот.

1/8 ФИНАЛЕ ВО КУП
РЕЗУЛТАТИ ПРВ НАТПРЕВАР
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:1
КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА – ТЕТЕКС 2:2
СКОПЈЕ – ЕУРОМИЛК 3:0
ПЕЛИСТЕР – БОРЕЦ 4:2
СИЛЕКС - АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1:0
РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ-ЛУМ 3:2
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 2:3
ВАРДАР – ШКУПИ ОДЛОЖЕН

 



Датум: 13.09.2017, 17:46
Статијата е прочитана 768 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
21.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense