| контакт | маркетинг

09.07.2017

Ботас најбрз во Австрија за да се вмеша во борбата за титулата

Валтери Ботас ја освои својата втора победа во кариерата откако од пол-позицијата доминираше на Австриското ГП за победа пред Себастијан Фетел (Ферари) и Даниел Рикијардо (Ред Бул). Со победата, тој дефинитивно станува фактор во борбата за титулата

Луис Хамилтон ја ограничи штетата со четвртото место, пред Кими Раиконен, Роман Грожан (Хас), Серхио Перез (Форс Индија), Естебан Окон (Форс Индија), а поени освоија и двајцата возачи на Вилиајмс, Фелипе Маса и Ленс Строл.
Со второто место, Фетел го зголеми водството во генерален пласман на 20 поени пред Хамилтон (171-151), додека Ботас влегува во борбата за титулата како трет со 136 поени. Во пламсан на конструктори, Мерцедес останува прв со 287 поени, пред Ферари со 254.
Околу Ботас имаше контроверзи на стартот, откако стјуардите на трката решија да испитаат дали тој имал предвремен старт. Фетел и Рикијардо преку радиото прашаа дали тој имал предвремен старт, нешто за што се заинтересираа и стјуардите, кои оценија дека тој имал реакција од 0.201 за да биде ослободен од обвиненијата.
Хамилтон стартуваше како осми поради слабите квалификации и казната од 5 места поради менување на менувачот на болидот и сега ќе мора да надополнува разлика од 20 поени од Фетел стартувајќи со домашното Британско ГП следниот викенд.

РЕЗУЛТАТИ (АВСТРИСКО ГП)
1.Валтери Ботас (Мерцедес)
2.Себастијан Фетел (Ферари)
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
4.Луис Хамилтон (Мерцедес)
5.Кими Раиконен (Ферари)
6.Роман Грожан (Хас)
7.Серхио Перез (Форс Индија)
8.Естебан Окон (Форс Индија)
9.Фелипе Маса (Вилијамс)
10.Ленс Строл (Вилијамс)
11.Џолион Палмер (Рено)
12.Штофел Фандорне (Мекларен)
13.Нико Хулкенберг (Рено)
14.Паскал Верлајн (Заубер)
15.Маркус Ериксон (Заубер)
16.Данил Квјат (Торо Росо)
НЕ ЗАВРШИЈА
17.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
18.Кевин Магнусен (Хас)
19.Фернандо Алонсо (Мекларен)
20.Макс Ферстапен (Ред Бул)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Себастијан Фетел (Ферари) 171
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 151
3.Валтери Ботас (Мерцедес) 136
4.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 107
5.Кими Раиконен (Ферари) 83
6.Серхио Перез (Форс Индија) 50
7.Макс Ферстапен (Ред Бул) 45
8.Естебан Окон (Форс Индија) 39
9.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 29
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 22
11.Ленс Строл (Вилијамс) 18
12.Нико Хулкенберг (Рено) 18
13.Роман Грожан (Хас) 18
14.Кевин Магнусен (Хас) 11
15.Паскал Верлајн (Заубер) 5
16.Данил Квјат (Торо Росо) 4
17.Фернандо Алонсо (Мекларен) 2
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 287
2.Скудерија Ферари 254
3.Ред Бул Рејсинг ТАГ Хојер 152
4.Форс Индија Мерцедес 89
5.Вилијамс Мерцедес 40
6.Скудерија Торо Росо Рено 33
7.Хас Ферари 29
8.Рено Ф1 18
9.Заубер Ферари 5
10.Мекларен-Хонда 2



Датум: 09.07.2017, 16:09
Статијата е прочитана 797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense