| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.08.2017

„Академците“ дебитираат во „елитата“ (во живо)

Следете ги сите интересни моменти од денешните три прволигашки натпревари

КРАЈ! Победа - Пелистер 1:2.

КРАЈ! Силекс - Скопје 1:0.

КРАЈ! Шкупи - Ак. Пандев 1:1.

ГОЛ! 89’ - Шкупи - Ак. Пандев 1:1. Убав гол на Хусеин Демири кој од 30 метри стрелаше во горниот лев агол од голот на гостите и го израмни резултатот

83’ - Победа - Пелистер 1:2. Асистенција на Пеев од десната страна, Лукас Гоијано од 7-8 метри не користи стонастотна прилика да стави точка на победата на Пелистер

ГОЛ! 77’ - Шкупи - Ак. Пандев 0:1. Дориев тргна кон голот на Шкупи од околу 35 метри, мина тројца играчи и стигна до 14-15 метри од каде што пласираше во мрежата на Зендели за водство на Академија Пандев на „Чаир“

76’ - Силекс - Скопје 1:0. После нафрлена топка, обидот на Бујчевски со глава оди крај голот на Скопје

ГОЛ! 70’ - Победа - Пелистер 1:2. Од десната нафрли Тошевски, Лукас се обиде со глава, Талески одбрани, топката повторно стигна до Лукас кој што спроведува во мрежата

65’ - Победа - Пелистер 1:1. Двојна шанса за Победа. Најпрво шутираше Маневски, а потоа и Цветаноски, но на два пати голманот Јовановски го спаси битолскиот тим од негатива

63’ - Силекс - Скопје 1:0. Супер шанса за Силекс преку Жуниор кој што се најде сам пред два метри од голот на Скопје, но голманот на „пиратите“ одлично интервенираше

ГОЛ! 51’ Победа - Пелистер 1:1. Победа го израмни резултатот од пенал. Најдоски во продор кој е срушен во шеснаесетникот на Пелистер. Сигурен реализатор на ударот од белата точка е Борче Маневски

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ

41’ - Победа - Пелистер 0:1. Супер шанса за Пелистер. Тошевски од десната страна нафрли, а Трифуновски од 3-4 метри не реалзиираше убава прилика. Топката оди само крај голот

ГОЛ! 24’ Победа - Пелистер 0:1. Загубија топка прилепчани на средината на теренот, украде Пеев и поведе противнапад, додаде во средината, а повратната топка од дваесетина метри Трифуновски ја смести во долниот лев агол од голот на Победа

12’ Победа - Пелистер 0:0. Пелистер со супер шанса да дојде во водство. Пеев излезе сам пред голот, но шутира непрецизно крај голот

11’ Шкупи - Ак. Пандев 0:0. Од слободен удар Јани Атанасов ја погоди пречката од голот на Шкупи

ГОЛ! 10’ Силекс - Скопје 1:0. После акција на десната страна и грешката на одбраната на Скопје, Жуниор од тешка позиција шутира прецизно во горниот десен агол и го постигнува својот деби гол во дресот на Силекс

ПМФЛ 1. КОЛО
Шкендија – Вардар 2:0 (крај)
Работнички – Ренова 0:0 (крај)
Силекс – Скопје 1:0 (крај)
Шкупи – Ак. Пандев 1:1 (крај)
Победа - Пелистер 1:2 (крај)

Најинтересно ќе биде се чини во Могила каде што Победа игра против Пелистер во дербито на Пелагонија.
Силекс, пак, не очекува да има поголеми проблеми во мечот со Скопје на домашен терен во Кратово и посакува да ја почне сезоната со три бода.
Академија Пандев дебитира во Првата лига денеска на „Чаир“ во дуелот со секогаш незгодниот тим на Шкупи. Ќе биде интересно да се види како ќе се одвива оваа пресметка.

 



Датум: 13.08.2017, 16:29
Статијата е прочитана 1618 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
19.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense