| контакт | маркетинг
КОШАРКА

20.04.2017

Тренерот на Хувентуд со пофалби: Димитријевиќ на тренинзи доаѓа насмеан


Ненад Димитријевиќ е еден од 14-те дебитанти кои сезонава првпат заиграа во АЦБ лигата, тој е еден од најмладите што се појавија на паркетот, и веднаш го привлече вниманието на шпанската кошаркарска јавност.

Овој 19-годишен плејмејкер кој е член на Хувентуд, претставува светла иднина на клубот. На 14 меча во силната шпанска лига, Нено има вкупно 54 поени, 17 асистенции и 12 скока.
Пред седум години, кога играше за скопски Јуниор, Димитријевиќ беше 15 сантиметри понизок и 2.400 километри од Бадалона. Неговиот талент никогаш не бил спорен, па скаутите на Хувентуд кои дотогаш го гледаа само на снимки, во летото 2012 година решија да го донесат во своите редови. Неодамна, тој го продолжи договорот со Хувентуд и сега има важност до 2021 година.
На некои натпревари Димитријевиќ покажа дека е спремен за настапи и во сениорска конкуренција. Сега веќе тој редовно е во првиот тим, и напредува од ден во ден.
„Нено има две работи кои ми се допаѓаат кај него – насмевка и дрскост. Кога доаѓа на тренинзи, на неговото лице има насмевка. Се гледа дека ужива во кошарката. Многу е важно да го работиш тоа што го сакаш. И ние се радуваме кога го гледаме“ - изјави тренерот на Хувентуд, Диего Окампо.
Неговите тренери го споредуваат со Милош Теодосиќ, велат дела има магија во неговата игра, и оти треба да му се дозволи да губи топки.
Кога на мечот (негов петти во кариерата како професионалец) со Морабанк Андора за 12 минути имаше 9 поени, 6 скока и 5 асистенции, влезе во историјата како еден од петте играчи кои немале наполнето 19 години, а успеале да имаат барем 9 поени и по 5 скока и асистенции на прволигашки меч во Шпанија. Сега просекот му е 9,6 минути по меч, минутажата му е дозирана, не сакаат да го „изгорат“ туку знаат дека им е многу важен за во иднина.
Димитријевиќ летово веројатно ќе биде во составот на сениорската репрезентација на Македонија. Тој е во вистинскиот клуб каде може да напредува, од таму потекнаа бековски ѕвезди од типот на Жорди Вилјакампа, Рафаел Жофреса, Раул Лопез, Руди Фернандез и Рики Рубио, па корист ќе има и нашиот национален тим.



Датум: 20.04.2017, 13:17
Статијата е прочитана 3975 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense