| контакт | маркетинг

29.07.2017

Фетел леташе во квалификациите, Ферари на пол позиција во Унгарија

Германскиот возач во болидот на Ферари, Себастијан Фетел беше најбрз во денешните квалификации  на трката за Големата награда на Унгарија


Ферари на „Хунгароринг“ имаше многу добри квалификации, па нивниот втор возач Кими Рајконен успеа да ја „фати“ втората позиција со 0.168 секунди заостанување зад тимскиот колега.
Третото место му припадна на возачот на Мерцедес Валтери Ботас, додека зад него се најде тимскиот колега Луис Хамилтон. А возачите на Ред Бул беа добри на тренинзите, но во квалификациите потфрлија, па Верстапен и Рикијардо мораа да се задоволат со петтото односно шестото место. По тој редослет ќе се намести гридот на утрешната главна трка која почнува во 14 часот.



Датум: 29.07.2017, 16:35
Статијата е прочитана 954 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense