| контакт | маркетинг

03.05.2017

Хамилтон: „Што мислам за Розберг? Ништо“

Луис Хамилтон не поминува време размислувајќи за својот поранешен клупски колега и познаник од детството, актуелниот Ф1 шампион, Нико Розберг

Германецот минатата година го совлада Хамилтон за да ја освои својата прва светска титула, по што го шокираше светот кога одлучи да замине во пензија, и трикратниот светски шампион најверојатно смета дека доволно зборувал за Германецот во минатото.
Кога италијанскиот весник „Ла Газета дело спорт“ го запраша што мисли за Розберг, тој беше минимален.
„Ништо. Бевме колеги, работевме заедно неколку години и сега тој е во пензија. Му посакувам се најдобро. Лани ја загубив титулата, но имав повеќе победи од него. Бев горд бидејќи не се предадов до крајот, како и секогаш. Доволно кажано“, изјави Хамилтон.



Датум: 03.05.2017, 20:24
Статијата е прочитана 979 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense