| контакт | маркетинг

08.04.2017

Грабул поразен, Македонија во негатива против Луксембург

Нашиот тенисер со 0:2 изгуби од Настаси и поради тоа нашата Дејвис Куп селекција се наоѓа во почетна негатива против Луксембург. За останување на надежите за пласан во втората Евро-африканска зона потребна ќе биде победа на Јотовски над Тол

Дејвис Куп репрезентацијата на Македонија има почетна негатива од Луксембург во полуфиналето од третата Евро-африканска зона на турнир кој се игра во Созопол, Бугарија.
Димитар Грабул изгуби од Уго Настаси со 3:6, 4:6. Нашиот искусен тенисер имаше можност да израмни и да обезбеди трет сет, но, не успеа да го одржи водството од 3:1.
Томислав Јотовски ќе мора да го победи  Криштоф Тол, за да израмниме, односно да се избориме за меч во конкуренција на двојки.
Подобриот од овие две селекции ќе обезбеди пласман во втората Евро-африканска зона.



Датум: 08.04.2017, 14:06
Статијата е прочитана 628 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense