| контакт | маркетинг
КОШАРКА

15.02.2017

Работнички и Куманово со проблеми, Назор претпазлив

Во петок стартува Купот на Македонија. Бранителот, МЗТ Скопје одбраната на трофејот ја стартува против Кожув, додека дерби во 1/4 финалето е дуелот меѓу Работнички и Кожув.

Работнички и натаму е некомплетен. Најтрофејниот кошаркарски колектив на дуелот против Куманово во рамките на 1/4 финалето од Купот на Македонија може да настапи без помошта на Владо Илиевски. Искусниот плејмејкер е надвор од тренанжен процес, по здобиената повреда на рамото на дуелот со Вардар.

„Во натпреварот влегуваме порастеретено, но, тоа не значи дека ќе се предадеме. Имаме големи проблеми, три играчи ни се повредени, а Илиевски е под знак прашалник. Плус имаме двајца играчи кои што беа повредени и сега се приклучија. Во купот секогаш имало изненадувања и не може ништо да се предвиди", рече помошник тренерот на Работнички, Перо Блажевски.
И Куманово во моментов има проблем со повредени играчи.
„Ќе биде тежок меч. За Работнички не треба да трошиме зборови. Имаат искусна петорка и тренер. Сепак, и ние имаме повредени играчи. Од осумте предводници на тимот, не можеме да сметаме на тројца. Ќе го дадеме максимумот" се зборовите на тренерот на Куманово, Марјан Србиновски.

КУП-ПЕХАРОТ ВО РАЦЕТЕ НА МЗТ
МЗТ Скопје кој е бранителот на титулата, пред стартот на прес-конференцијата го доби Куп-пехарот во трајна ведност.
Прв противик на избраниците на Анте Назор е тимот на Кожув. Иако МЗТ Скопје има далеку посилен состав, сепак со голема претпазливост гледа на оваа средба.
„Купот е специфично натпреварување каде што нема фаворити. Играчите мора да бидат борбени и не смеат да помислат на ништо друго освен Кожув кој има квалитетни играчи" истакна тренерот на МЗТ, Анте Назор.



Датум: 15.02.2017, 14:09
Статијата е прочитана 638 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense