19.05.2017
Фенер и Антиќ се во големото Евролигашко финале
Македонецот не доби шанса во победата на својот тим над Реал Мадрид во полуфиналето од Евролигата кое Фенер го доби со 84:75

Екипата на Фенербахче заедно со Перо Антиќ в недела ќе играат во големото финале во Евролигата против Олимпијакос. Турскиот гигант во полуфиналето го совлада Реал Мадрид со 84:75. Перо Антиќ воопшто не доби шанса на теренот, а лиред кај турскиот гигант беше Богдан Богдановиќ со 14 поен, а зад него следеа одличните Јан Весели и Никола Калиниќ со по 12 кошеви. Кај Реал единствено добри беа Серхио Љуљ со 28 и Џејси Керол со 21 постигнат поен. Во мечот за третото место ќе играат Реал Мадрид и ЦСКА Москва од 17:00 часот, додека три часа подоцна ќе се одигра и големото финале меѓу Фенер и Олимпијакос.
Датум:
19.05.2017, 22:35 |