| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

16.05.2017

Митревски пред кам-бек во Пелистер

Чуварот на мрежата има договор со Бенфика до крајот на сезоната, а разговорите за негово враќање во битолскиот суперлигаш се во напредна фаза

Репрезентативниот чувар на мрежата, Никола Митревски, е пред враќање во својот матичен клуб, Пелистер. Голманот на Бенфика има договор со овој колектив до крајот на сезонава и очигледно е дека нема заемно расположение за продолжување на соработката. Тука во игра влезе Пелистер, кој веќе работи на градење на тимот за следната сезона, а во чии планови е и Митревски, со кого се започнати преговори за враќање во клубот.
Битолскиот суперлигаш од почетокот на оваа сезона сериозно работи на враќање на стариот клупски сјај, а последната потврда дојде со ангажирањето на Стевче Алушовски за стратег на екипата.
„Зелените“ во моментов меѓу диреците го имаат повремениот репрезентативец Кирил Колев, кој е пред крајот на својата кариера, како и младинскиот репрезентативец Никола Даниловски. Евентуалното застанување на Митревски на голот на Пелистер би донело уште какво освежување, со оглед на искуството што го има собрано чуварот на мрежата на настапите во европските клупски купови.



Датум: 16.05.2017, 12:18
Статијата е прочитана 2429 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense