| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017


Николов: Нема да застанеме тука!


„Сега, во групната фаза, имаме уште поголеми мотиви за добри резултати. Не планираме да се задоволиме само со пласманот. Групата ни е тешка, но одиме по повеќе бодови“, вели Николов во пресрет на утрешниот историски прв натпревар за Вардар во групната фаза во Лигата на Европа


Вардар не сака  да биде само учесник во групната фаза. Сака да чепне некој бод, а тоа е можно на домашен терен, каде што сезонава е неприкосновен.
„Дојдовме дотука и сметам дека не сме го кажале последниот збор. Нема да се задоволиме само со овој пласман, туку ќе одиме да се надигруваме. Покажавме дека имаме сила, дека можеме. Овие натпревари се едно огромно искуство кое ни недостигаше во последните неколку години. Шансата ја имаме.По неколку години несреќни порази и испаѓања, еве сега успеавме. Сега апетитите се пораснати, сега одиме по бодови“, вели Бобан Николов.


 



Датум: 13.09.2017, 11:06
Статијата е прочитана 389 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
17.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense