| контакт | маркетинг
КОШАРКА

18.05.2017

Шкупи сака излез на Јадранот

Македонскиот прволигаш испратил молба да му се дозволи учество во новата сезона во регионалната лига. Условна пријава има и од првакот Бадел 1862

Во наредната сезона од женската Јадранска лига, Македонија би можела да има два свои претставника. Според официјалниот документ што го презентираше раководството на ВАБА, во определениот рок, пријави за настап поднеле вкупно 13 клубови. Од нив, комплетна документација испратиле седум, два клуба, меѓу кои и Бадел 1862, побарале дополнителен рок, додека, пак, уште четири клуба (Берое, два турски тима и еден македонски) доставиле номинации за добивање т.н. вајлд-карта за наредната сезона, а кандидат е скопскиот Шкупи.
Најдобриот македонски женски состав во овој момент, екипата на Бадел 1862, е една од двете екипи (заедно со хрватската Трешњевка) кои побарале дополнителен временски период. Досега Бадел нема ниту една победа во ВАБА-лигата, а до 1 јуни треба да се изјасни дефинитивно дали ќе биде учесник и во сезоната 2017-2018.
Сигурни учесници се: Црвена звезда, Партизан (Србија), Медвешчак, Рагуза (Хрватска), Плејоф ултра (БиХ), Будуќност Бемакс (Црна Гора), Цинкарна Цеље (Словенија). Бугарскиот тим Монтана ќе добие тригодишен договор, но мора да биде потврден на Собранието кон крајот на јуни.



Датум: 18.05.2017, 15:51
Статијата е прочитана 1022 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense